Промоцијата на поезијата „Сништа и сеништа“ од Борче Грозданов Пандур, театарски критичар на весникот „Вечер“, ќе се случи вечерва од 18 часот во Кинотека на Македонија. Рецензент и промотор е Христо Петрески, а за интерпретација на стихови е задолжена Весна Стојановска-Николовска.
Рецензентот Петрески вели дека авторот Борче Грозданов постојано трага, истражува, бележи и потсетува што е убаво, а што грдо, што е вистинито, а што е лажно, што е добро, а што лошо, што е прифатливо, а што е за отфрлање, што е материјално, а што духовно.
„Сништа и сеништа“ е поделена во пет посебни тематски целини: „Љубов“; „За мајка ми и сите мајки“; „Шиле“; „Дијалози“ и „Социлајни“.
Во првиот дел се лирски интимни исповеди; во вториот дел се содржани сатириконски изблици и искри; во третиот дел се кратките, но содржајни, искрени и доживеани напеви посветени на прерано починатиот актер Васил Шишков; во четвртиот дел има дијалошки, делнични, театарски и други пасажи; во петтиот дел превладува хуморот, парадоксите и козеријата. Со оваа книга Борче Грозданов потврдува дека има дарба за лапидарен, јадровит, стегнат и концизен исказ, но и смисла за хумор, сатира, хаику и афоризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст