| четврток, 6 декември 2018 |

Делови од Карпош и од Кисела Вода утре без струја

струја

Поради технички зафати во електросистемот, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Карпош и Кисела Вода.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека утре, од 11.30 до 13.30 часот, без струја ќе бидат дел од потрошувачите од улиците Ринхини, Франце Прешерн и Езерци во општина Карпош.

Во периодот од 8.30 до 13.30 часот без струја ќе отанат потрошувачите од улиците Ваташа, Слав и Румена Хаџипанзова во општина Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top