Федералната даночна служба на САД (ФДС) соопшти вчера дека била жртва на кибернетски напад, во кој биле украдени лични податоци на сто илјади даночни обврзници. Нападот бил извршен во периодот од февруари до средината на овој месец.
Хакерите успеале да добијат од третата, неидентификувана страна, лични податоци, како датум на раѓање, адреса, социјално-осигурителен број, се наведува во соопштението на ФДС.
Компјутерските експерти во службата утврдиле околу 200 илјади обиди за пристап до одредени лични податоци, извршени од сомнителни електронски адреси.
Овој инцидент се случува во период на зголемување на кибернетските напади врз големи американски компании, вклучувајќи и големи банки, што предизвика загриженост во Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



