| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се објави планот за преместување бегалци од Италија и од Грција

migranti

Грција со нетрпение ги очекува вестите од Брисел, каде што еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос денеска треба да го објави планот за преместување на околу 40 илјади бегалци од Италија и од Грција.

Аврамопулос вчера во Атина се сретна со претставници на грчката Влада со кои дискутираше за планот на Европската комисија за соочување со илегалната миграција, но не откри детали за шемата за преместување. Се претпоставува дека 24 илјади бегалци од Италија и 16 илјади од Грција ќе бидат преместени во рамките на ЕУ. Еврокомесарот ги уверил грчките власти дека финансирањето на граничната агенција Фронтекс ќе биде зголемено за трипати и дека нејзината регионална канцеларија во Пиреја нема да биде преместена во Италија.

– Релевентните власти на Европската комисија и јас сме подготвени да ѝ помогнеме на Грција да ги реши сите отворени прашања. Европа е на страната на Грција и поддршката ќе биде итна и ефикасна – изјави Аврамопулос.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, кој денеска ќе престојува во Брисел, ја повика ЕУ да направи повеќе.

– Ги повикувам европските лидери да го решат ова прашање на по сеопфатен начин и на колективен начин – рече тој за време на вчерашната посетата на Даблин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top