| четврток, 6 декември 2018 |

Во бурите и во поплавите во Тексас и во Оклахома загинаа 18 лица

тексас
Бројот на жртви достигна 18 лица во бурите, поплавите и во торнадата што изминатите пет дена ги зафатија американските сојузни држави Тексас и Оклахома, соопшти американската телевизија „Си-Ен-Ен“, пренесува ТАСС. На пограничните територии на Мексико загинале вкупно 13 лица. Неколку десетици се водат како исчезнати. Засега нема точни податоци за штетите предизвикани од природната катастрофа бидејќи поради поплавите е отежнат пристапот до голем број погодени рагиони. Според првичните информации, стотина куќи се целосно уништени, а десетици илјади семејства се без електрична енергија.Бројот на жртви во Тексас може да се зголеми бидејќи голем број луѓе сè уште се во неизвесност. Рекордните поплави уништија стотици куќи, однесоа мостови и изолираа некои делови од земјата. Повеќе од 2.500 автомобили се оставени на улиците и на магистралните патишта во регионот на Хјустон, додека повеќе од 100.000 домаќинства се останати без електрична енергија во четвртиот по големина град во САД.

Претседателот Барак Обама вчера изјави дека го уверил гувернерот на Тексас Грег Абот дека може да очекува помош од федералните власти за соочување со поплавите.

Во 40 окрузи на Тексас е прогласена вонредна состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top