Изјавата на премиерот Еди Рама за ставање вето врз зачленувањето на Македонија во НАТО е штетна за Албанците.
Ова е ставот на поранешниот шеф на албанската дипломатја, Алдо Бумчи, кој за телевизијата „А1 Репорт“ зборувал за состојбата во албанската дипломатија.
Бумчи, кој е актуелен пратеник од редовите на најголемата опозициска сила, Демократската партија, остро ја критикувал владата на премиерот Рама за политиката што ја води со соседите и проблемите кои со непромислени изјави ги созадал со Македонија и со Грција, но и со самата ЕУ.
– Поставувањето вето за прием на Македонија во НАТО претставува огромна грешка и е штетно за Албанците. Во Македонија видно е подобрен статусот на Албанците и од еден насто колку што беа затапени во инситуциите во 90-тите години на минатиот век, сега имаат потпретседател на Влада, министери, заменик-министри и носители на значајни функции во државните инситуции – изјавил Бумчи, кој се смета за еден на највлијателните функционери во партијата.
Според него, како можело да се поставува вето за неисполнување на Охрискиот договор кога тој процес сѐ уште трае, значи, додава тој, истиот е актуелен и се работи на него.
Ексшефот на албанската дипломатија ја критикува Владата и за заладувањето на односите на релација Тирана-Атина. Кога Рама дојде на власт, додава Бумчи, односите меѓу двете земји беа многу добри, а сега постои заладување. Министерството за надворешни работи не наведува никаква причина, правејќи го сето тоа нетранспарентно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја на мене, вие бидете ефикасни
-
Поранешното момче пет месеци ѝ се заканувало дека ќе ја убие
-
Дај ми 2.000 евра или ќе ти го земам детето – Скопјанка мета на закана од поранешното момче