Триесет и четири годишна жена и нејзиниот син (4) се жртвите во вечерашната тешка сообраќајна несреќа кај Градско, пишува „Прес24“ повикувајќи се на неофицијални извори.
Според информациите, возачот на автомобилот од се уште неутврдени причини, загубил контрола врз возилото и удрил во камион, кој бил застанат во последната коловозна лента.
Од ударот на лице место починала неговата сопруга и нивниот 4 годишен син, кој седел на задната клупа во автомобилот.
Претходно СВР Велес информираше дека тешката сообраќајна несреќасе случила попладнево околу 17 часот патот Велес-Неготино, на околу 500 метри од наплатната рампа Градско, а во неа учествувале две товарни возила и еден автомобил.
Во моментот полицијата врши увид, по што ќе има повеќе детали.
Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска напоменува дека сообраќајот на местото е во прекин, а возилата се пренасочуваат по стариот пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.