Две лица го загбија животот во тешката сообраќајна несреќа што попладнево околу 17 часо се случи на патот Велес-Неготино, на околу 500 метри од наплатната рампа Градско.
Во несреќата учествувале две товарни возила и еден автомобил.
Во моментот полицијата врши увид, по што ќе има повеќе детали.
Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска напоменува дека сообраќајот на местото е во прекин, а возилата се пренасочуваат по стариот пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.