| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи најави тужба против Србија за геноцид

Hashim Thaci

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи денеска на седница на Советот за безбедност на ОН за Косово рече дека Приштина наскоро ќе покрене тужба против Србија за геноцид и ќе побара отштета.

Според него, за тоа се подготвува соодветна документација. Тачи додаде дека Приштина ќе побара независна меѓународна истрага за настаните во Куманово кога во оружен судир загинаа осуммина македонски полицајци и 14 напаѓачи.

– Косовската полиција го осудува насилството. Нема да поддржиме ниту една акција што би ја дестабилизирала Македонија. Силно го поддржуваме Охридскиот договор, наведе Тачи.

Како што јави Танјуг, наводите за формирање голема Албанија тој ги отфрли како неосновани и оцени дека Белград и Приштина наскоро треба да пристапат кон „меѓусебно признавање“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top