Младиот македонски пејач Боби Мојсоски, кој воедно е еден од повратниците во музичкото натпреварување „Икс-фактор“, синоќа за време на својот прв настап во живо ја воодушеви публиката, но и жирито.
Охриѓанецот ја изведе евровизиската „Остани“ на Горан Каран и го стана на нозе еден од најстрогите членови на жирито Жељко Јоксимовиќ, што е вистинска реткост.
– Би сакал да пеам како тебе – му призна Јоксимовиќ.
Тончи Хуљич остана без текст, додека Масимо Савиќ, исто така, го пофали настапот на младиот Македонец и додаде „На рана да те стават“. Гордата менторка Александра Ковач беше пресреќна што Боби се врати во натпреварот и додаде „Мислам дека публиката дури сега ќе слушне што сè можеш. Браво!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.