Караванот кој носи радост оваа година го прославува 10-от роденден и по повод јубилејот подготви одлична баскер програма надополнета со музика, не само за скопјани туку и за цела Македонија.
Баскерфест 2015 започнува на 12 јуни, а ќе трае се до 13 јули, односно точно месец дена. Во Скопје официјалниот почеток е на 12 јуни со траење до 21 јуни. Традиционално фестивалот ќе се одржува во центарот на градот.
Покрај Скопје, Баскерфест ќе се одржува и низ поголемиот дел градови во Македонија. Секој град барем неколку денa ќе има можност да ја доживее магијата на уличната уметност.
За оваа година најавено е учество на околу 100 баскер изведувачи од целиот свет, секој од нив атрактивен на свој начин, а покрај уличните артисти, како и секоја година тука се музичките настапи во Пивската градина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст