Денеска и официјално беше отворен за сообраќај третиот дел од булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“. Проширувањето и реконструкцијата на третиот дел од булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“ е уште еден капитален проект на Градот Скопје, а поддржан од Владата на Република Македонија, кој што ќе овозможи побезбедно одвивање на сообраќајот, намалување на метежот и скратување на времето за патување.
На отворањето присуствуваа претседателот на Владата на република Македонија, Никола Груевски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, советници, како и голем број на јавни личности.
-Со проширувањето на оваа делница од булеварот долга 1.600 метри, се формирани 4 коловозни ленти, по две во секоја насока. Делницата е асфалтирана на вкупна површина од 19.500 квадранти метри и е обележана. Од двете страни на проширениот коловоз се изградени тротоари со ширина од по 3,5 метри, со вкупна површина од 9.550 квадратни метри,кои што се покриени со павер-елементи – истакна градоначалникот Трајановски.
Градежните работи на теретиот дел од булеварот беа искористени за да се постави нова атмосверска канализација со вкупна должина од 1.493 метри и профил од 200, 400, 600 и од 1200 милиметри.
Покрај тоа на терен е извршена и реконструкција на постојната фекална мрежа, при што на должина од 226 метри се поставени цевки со профил од 600 и 300 милиметри. Извршена е и заштитна на гаосводната цевка со профил од 400 милиметри.
Третиор дел од проширениот булевар го осветлуваат 82 столба за улично осветлување, на кои што се поставени 108 светилки со моќност од 250 W.
Премиерот Груевски истакна дека за само неколку години се реализираше она што долги години наназад се зборуваше, се полемизираше, се ветуваше, се планираше. Изборите доаѓаа и заминуваа, се менуваа и градоначалници и локални самоуправи но оваа улица секогаш остануваше иста.
– Градоначалникот Коце Трајановски и оваа постава во Град Скопје навреме си ја фатија својата работа. Направија проект , ги поминаа сите потребни процедури и во три фази од 2011-2015 година целосно го изградија булеварот. Честитки за тоа. Со ова се исполни уште едно ветување дадено на граѓаните, истакна Груевски.
Премиерот истакна дека ќе следат уште проекти, а само овој проект за проширување и реконструкција на третиот дел на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“ изнесува 92, 6 милиони денари.
-Овој булевар заедно со булеварот „Партизански одреди„ и булеварот „Илинден“ се трите главни сообраќајници по кои се одвива целиот сообраќај од Карпош и Ѓорче кон Центар и другите населби кон Скопје. Гардот Скопје во изминатиот период работеше на сите три сообраќајници. Се модернизираше булеварот „Партизански одреди“, се прошири булеварот „Илинден“ а еве денес сме сведоци и на комплетирањето на третата фаза од изградбата на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, заклучи Груевски.
Вакви капитални проекти, додаде Груевски се реализираат во сите населби на Скопје.
-Во Кисела Вода, старата улица „1 Мај “ се изгради во модерен булевар „Борис Трајковски“. Сличен проект беше и изградбата на булеварот „Србија“ во Аеродром. Изградбата на булеварот „Свети Климент Охридски“ во Центар, изградбата на трите кружни тека во Ѓорче Петров, голем број на улици, мостови и кружни текови во Сарај Бутел и Гази Баба, додаде Груевски.
Владата градежната експанзија ја помогна со изградба на Обиколницата, реконструкцијата на Аеродромот во Скопје новите автобуси на ЈСП, изградбата на жичарницата на Водно, изградбата на повеќе катни гаражи, модернизација на зоолошката градина, изградбата на згради, музеи.
-Ваква градежна експанзија не се памети со децении наназад. Она што дополнително импресионира е тоа што и покрај завршувањето на голем број проекти уште многу други се во тек, а и уште многу други дополнително ќе се прават, заклучи премиерот во своето обраќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







