Фестивалот на улична уметност „Баскерфест“ годинава ќе биде одржан од 12 јуни до 13 јули.
Карванот на фестивалот, кој оваа година го прославува 10-от роденден, според најавата на организаторите, ќе понуди одлична баскер програма надополнета со музика, не само за скопјани туку и за цела Македонија.
Баскерфест 2015 официјално ќе почне на 12 јуни во Скопје, по што ќе продолжи и низ други градови низ Македонија. Најавено е учество на околу 100 баскер изведувачи од целиот свет, секој од нив атрактивен на свој начин, а покрај уличните артисти, како и секоја година тука се музичките настапи во Пивската градина. Жонглери, брејкденсери, одење по жица, куклен театар, перформанси со оган се само дел од она што се очекува на Баскерфест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



