Во општина Пустец, Албанија, вчера, 25-ти мај беше отворена филателистичка изложба „Светите браќа Кирил и Методиј – сесловенски просветители“ во организација на Музејот на македонската борба.
Ова е прва филателистичка изложба од Македонија што гостувала во Албанија.
Изложбата, како што информираат од Музеј на македонската борба, предизвика голем интерес кај повеќе од стотина присутни и е дел од активностите за одбележувањето на 24-ти мај меѓу Македонците што живеат во тој дел на Албанија.
На отворањето на изложбата говореа директорот на Музејот на македонската борба Бранислав Светозаревиќ, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, писателот од регионот Мала Преспа Спасе Мазенковски, а поетесата Виолета Сековска читаше делови од „Црноризец Храбар“ на старословенски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија