| четврток, 6 декември 2018 |

Една третина од Европејците сакаат да го заменат еврото

Речиси една третина од Европејците сака да го замени еврото со националната валута, покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата ICM.

Во истражувањето кое е спроведено од 20. март до 9. април оваа година, учествуваа повеќе од 3.000 лица од Германија, Франција и Грција.

Според резултатите од истражувањето кое е направено, 31 процент од испитаниците во Франција, Германија и Грција сакаат да се врати националната валута.

Во сите три држави, околу половина, односно 53 проценти сакаат да продолжат да го користат еврото.

Во Германија и Франција 39 проценти, односно 29 проценти сакаат да се вратат на своите поранешни национални валути.

Во Грција, повеќето испитаници – 58 проценти сакаат да го задржат еврото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top