| четврток, 6 декември 2018 |

Ново изненадување од „Икс-фактор“, гледачите сѐ поразочарани

10995336_771684959619306_3986120431645815554_n

Продукцијата која стои позади проектот „Икс-фактор“ во оваа втора сезона направи неколку големи отстапки од правилата на шоуто, а вчера уште еднаш ги изненади гласачите.

Откако пред една недела, наместо само еден натпреварувач, врати четворица испаднати кандидати во финалето, вчера се одлучи да даде шанса на уште една кандидатка.

Следната недела на настапите во живо ќе се натпреварува и Даниела Вечериновиќ, наводно затоа што останатите кандидати најмногу гласале за неа, што реално и не е баш реално, нели, бидејќи зошто некој би сакал конкуренцијата да му се зголемува и му го отежне патот до 20.000 евра и победа?

Меѓу наинтересните коментари од гледачите за враќањето на ексцентричната Хрватка, беше дека ако продукцијата се решава на секое да враќа пејачи, барем нека го вратат и Мајкл Џексон.

Тончи Хулиќ веќе призна дека Србија не е толку по гласањето, туку само сака да го гледа шоуто, а најголемиот број на гласови доаѓаат од Македонија и останатите земји.

Токму затоа, меѓу оние тројца кандидати кои жирито реши да ги врати се наоѓаат еден Македонец и двајца Црногорци.

Само еден ден по испаѓањето на Никола Марјановиќ од тимот постари од 27 на Масимо Савиќ, продукцијата решава за враќањето на Даниела, девојка која припаѓа во истата група и која, сосем случајно, доаѓа од исто место како и Марјановиќ.

Босанецот Амел Чуриќ, кој инаку е познат пејач во неговата земја и зад себе има победа во слично шоу и музички албум, призна дека Македонија е една од причините поради кои се пријавил на „Икс-фактор“.

Тој откри дека неговиот пријател Маид Хечиновиќ, минатогодишен финалист во шоуто, му се пофалил колку добро го прифатила македонската публика, па Чуриќ се надева на слично ширење на популарноста наваму.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top