Денеска, 26 мај, во 12 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во Скопје, ќе биде отворена изложба на познатиот македонски сликар, академик Васко Ташковски.
Ташковски првпат пред љубителите на уметноста ќе презентира дваесет и шест графики. Во оваа пригода ќе биде промовирана и Монографијата на цртежи од авторот, во издание на Матица македонска и Македонската академија на науките и уметностите.
За делото на Ташковски ќе говорат писателот Раде Силјан и академик Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и уметностите.
Со оваа излoжба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници. Во овој престижен салон на културата и уметноста во изминативе месеци со свои дела се претставија академските сликари Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владимир Георгиевски, Стефан Хаџи Николов, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Новица Трајковски, Ниче Василев, Драги Хаџи Николов-Аџи, Димитар Малиданов, Владимир Темков, Решат Амети, Константин Качев и скулпторите академици Боро Митриќески и Илија Аџиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст