| четврток, 6 декември 2018 |

Строго забрането во кревет!

couplesex_1

КРИТИКУВАЊЕ Сексуалната критика е убиец на расположението. Ако прави нешто што не ви се допаѓа, кажете му: „Би сакала кога би ми го…“

СПОМНУВАЊЕ НА РАБОТАТА, БИВШИОТ ИЛИ НА МАМА Звучи очигледно, но многу е едноставно да почнете да размислувате за денот кога сте во кревет. Сексот е бегство, заборавете го секојдневјето!

ГЛУМЕЊЕ ОРГАЗАМ Ќе мора да продолжите да глумите, а партнерот нема да научи што ви треба.

НЕОДЛУЧНОСТ Кога партнерот ќе ве праша што би сакале да пробате, немојте да одговорите: „Сеедно ми е.“ Треба да знаете што сакате, а што не.

СЛЕДЕЊЕ НА ДРУГИТЕ Супер е да се добијат совети од пријателите, но немојте поради нивните искуства да имате лошо мислење за сопствениот сексуален живот.

ПОДГОТОВКИ ЗА СЕКС Убаво е да се измијат заби и да се истушираме пред секс, но треба да се отпуштите и да се препуштите – и покрај влакната на нозете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top