| четврток, 6 декември 2018 |

Пет лица со симптоми на труење по матурска прослава во Тафталиџе

infektivna klinika

Со симптоми на труење синоќа на Клиниката за инфективни болести лекарска помош побарале пет лица. По консумирањето храна во еден скопски ресторан кај лицата се јавила мачнина и почнале да повраќаат, пренесува zdravstvo24.mk.

Од Клиниката за Здравство 24 потврдуваат дека вчера биле прегледани пет лица со симптоми на труење. Четворица по дадената терапија во амбулантата биле пуштени дома, а едно лице било во потешка здравствена состојба и е хоспитализирано на Клиниката.

Неофицијално, лицата се затруле за време на матурска прослава во скопски ресторан во Тафталиџе. Меѓу затруените има и деца. Епидемиолошката анкета допрва треба да открие што е причината за труењето.

За целиот случај утре треба да се произнесе и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top