Променливо време, заладување се очекува околу средината на неделата – ова е прогнозата на МЕТЕОПРО за оваа недела.
Вторник ќе биде релативно топол. Во поголем дел од населените места максималната температура ќе има вредности во границите од 25°С до 27°С. Врнежи не се очекуваат.
Во среда ќе биде малку посвежо. Котлините во северниот регион очекуваат максимална температура околу 20°С, додека во јужниот дел од повардарие максималната температура нема да надмине 24°С. Овој ден ќе биде ветровит. Ќе има и врнежи од дожд, но без поголем интензитет.
Четврток ќе биде за околу 2 до 3 степени посвеж од среда, а повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер, што уште повеќе ќе допринесе за чувство на посвежо време. Во овој ден облачноста постепено ќе се намалува.
Веќе од петок се очекува значително подобрување на времето. Се очекува мал пораст на температурата, стивнување на ветерот и претежно сончево време.
За време на викендот се очекува пораст на температурата кој ќе ја врати максималната во вредности над 25°С низ земјава, а во недела и близу 30°С. Засега изгледа дека викендот ќе помине во претежно сончево време.
Подетално на Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



