| четврток, 6 декември 2018 |

Косовец фалсификувал швајцарски документи за престој

Полицајци од граничниот премин „Богородица“ откриле фалсификувани документи кај косовски државјанин.

РЦ за ГР „Југ“ поднесе кривична пријава за косовскиот државјанин Џ.В.(35) за сторено кривично дело фалсификување исправа.

На 23 март оваа година, на излез од Република Македонија, на ГП „Богородица“ при пасошка контрола на автобус, во кој се превезувал пријавениот, тој дал на увид патна исправа на Косово и швајцарска дозвола за престој на странец, за која по утврденото вештачење е утврдено дека е фалсификувана, односно извршена е замена на фотографија и избришана е оргиналната содржина. Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top