| четврток, 6 декември 2018 |

Диета со јагоди: Ослабете 3 килограми за 4 дена

jagodi-645x360Црвените плодови содржат малку калории, поточно, 30 калории во 100 грама јагоди, а обезбедуваат доволно енергија.
Исхраната базирана на јагоди првенствено ви помага за подобрување на здравствената состојба, но и за симнување на килограми.

Влакната кои се наоѓаат во голема количина во овие сочни плодови ќе ви го подобрат имунитетот и изгледот на кожата.

Ви ја претставуваме четиридневната диета со јагоди од која ќе ослабнете дури 3 килограми.

Се што ви е потребно е блендер и јагоди. И плус уште нешто…

Прв ден:
Појадок: Овошна салата. Земете 250 грама јагоди, измијте ги и извадете им ги дршките. Половина јаболка исечете ја на коцки, а половина банана на кругчиња. Измешајте ги овие состојки и додадете една лажица мед со незасладен јогурт.
Ужина: Шејк. Измиксирајте 100 грама јагоди со 1 децилитар безмасно млеко и додадете половина лажичка мед и 50 милилитри негазирана минерална вода.
Ручек: Салата. Потребни ви се: 150 грама јагоди, парче пилешки гради, 100 грама краставица, 20 грама мелени ореви, лажичка сок од лимон, 10 грама магдонос, 300 грама аспарагус, 6 лажички чорба од зеленчук и лажица маслиново масло. Аспарагусот исчистете го и варете го се додека не стане сосема мек, а потоа сите останати состојки измешајте ги, со исклучок на лимоновиот сок, маслиновото масло и оревите. Врз смесата додајте ги лимоновиот сок и маслиновото масло, а потоа додадете ги оревите.
Ужина: Јогурт со јагоди. Измешајте 100 грама јагоди. 1 децилитар јогурт со мала масленост и лажица мед.
Вечера: Салата. Измешајте голем печен компир, главица ситно исечкан лук, 1 мал целер, децилитар јогурт и 50 грама безмаслено сирење и листови магдонос. Вкусот дотерајте и го со лимонов сок, сол и бибер.

Втор ден:
Појадок: 2 парчиња интегрален леб премачкан со малкумасно сирење.
Ужина: Пире. 200 грама јагоди изблендирајте ги како пире, додадете малку масло и лажица мед.
Ручек: Салата. Во голем сад ставете 100 грама ситно исечкани јагоди, зелена салата, домат, пиперка, 50 грама безмасно сирење, половина децилитар јогурт, лимонов сок, сол по вкус и тост од интегрален леб.
Ужина: Коктел. Сок од јагоди (1дл), немасен јогурт (1дл) и сок од ананас (половина децилитар).
Вечера: Палачинка со јагоди. Палачинките испечете ги во тефлон и послужете си ги со крем од изгмечени јагоди, младо сирење и лажица мед.

Трет ден:
Појадок: Енергетско полнење. Овесна каша со додаток половина децилитар сок од јаболка, половина банана и 100 грама јагоди.
Ужина: Коктел. Измиксајте дл нискокалоричен јогурт, 100 грама јагоди и лажица мед.
Ручек: Мала главица карфиол сварете ја, а потоа премачкајте ја со путер, врз што ќе додадете парчиња ситно исечена шунка, а сето тоа ќе го изедете заедно со 200 грама свежи јагоди.
Ужина: Мешавина од сок од портокал и јагоди со лажица мед.
Вечера: Пире. Морков и еден варен компир со додаток млеко (по потреба за да се добие пире). Додадете и малку масло и вода. Кога се ќе биде готово ставете одозгора домат и пиперка исечена на кругчиња. Додадете пармезан и босилок по желба. Потпечете го 15 мин, а потоа додадете густ сок од домат и 100 грама јагоди, заедно со бибер по вкус.

Четврти ден
Појадок: 2 парчиња интегрален леб со намаз од немасно сирење и 50 грама јагоди.
Ужина: Мултивитамински микс. Еден портокал и една јаболка измиксајте ги со 100 грама јагоди. Додајте и лажица мед.
Ручек: Риба (најдобро би било пастрмка). Издинстана со црн лук, на што ќе додадете 50 грама јагоди и по желба малку сенф.
Ужина: Коктел. Во блендер ставете 150 грама јагоди, лажица мед, еден лимон и децилитар вода.
Вечера: Салата. Додека печете еден голем компир во рерна, во блендер ставете свеж морков, пиперка, целер и сок од лимон. Потоа посебно измешајте неколку поголеми јагоди, 50 грама сирење и децилитар јогурт. Повторно направете смеса, но поретка. Компирот полијте го со првиот сос, а потоа со вториот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top