| четврток, 6 декември 2018 |

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај ТЦ „Олимпико“ (ФОТО)

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка што се случи пред половина час кај трговскиот центар „Олимпико„ во Taфталиџе, скопски Карпош.
olimp
Според првичните информации, две лица на мотоцикли се обиделе да избегнат пешак. Едниот од нив успеал да го избегне пешакот, додека вториот во обид да го избегне пешакот удрил во тротоар и летал триесетина метри.
olimp1
Според тврдењата на очевидци, пешакот не поминувал на пешачки премин.
olimp2
Брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот, а во тек е увид на полицијата.
ФОТО: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top