| четврток, 6 декември 2018 |

Сорос годинава со 5 милиони евра буџет, неофицијалната сума многу поголема

Vladimir-Milcin-565x268

Последната година фондацијата Сорос на чие чело е Владимир Милчин потрошиле пет милиони евра. Ова е официјалната сума, а неофицијалната е многу повисока. Сорос и годинава има буџет од близу пет милиони евра.

Во последната фискална година Сорос Македонија имал буџет од 299.531.700 денари или 4.870.434 евра. Најголем дел од приходите се собрани под општата ставка членарини, приходи од подароци за што биле прибрани 4.707.501 евро. Од тие пари 39.405.507 денари или 640 739 евра се исплатени за плати во Сорос, што е солидна бројка со оглед на тоа дека се работи за невладина и непрофитна организација. Во извештајот Сорос нема наведено колку пари, од вкупните приходи, се дадени за финансирање медиуми. Под ставка помош и давања се исплатени 189.785.449 денари или 3.085.942 евра. Од почеток на дејствувањето досега СОРОС има потрошено 93 милиони евра во буџети, а со овие нови речиси 5 милиони евра од последната година, таа бројка достигна до 98 милиони евра за сите години дејствување на Сорос Македонија. Извештајот е потпишан од Милчин.

soros

Бројките кои се посочени се пари од пријавен буџет. Но со оглед на нивните широки финансиски активности не се исклучува можноста за други сметки и влез на пари од други странски организации. На пример, се знае дека централата на Сорос директно финансира извештаи за други невладини организации и граѓански асоцијации како што е  на пример „Репортери без граници“, или „Фридом хаус“.

Првиот човек на Сорос, Милчин зборуваше на партискиот митинг на СДСМ, пред Владата. Тој е нивни поддржувач и поранешен функционер. Овие пет милиони евра се трошат за финансирање медиуми, новинари, невладини организации кои ја критикуваат работата на актуелната влада. Цела ергела медиуми земаат пари од Сорос. Познато е дека од Сорос се финансираат „Плусинфо“ на Бранко Геровски, „Либертас“ на Ацо Кабранов, порталот „А1он“, како и многу други. И невладиниот сектор кој е критички настроен кон владејачката гарнитура се финансира од Сорос, како „Транспарентност Македонија“потоа „ Македонски центар за европско образование“ чиј поранешен претседател е Лидија Димова од СДСМ, потоа МОФ кој пружаше огромна поддршка на пленумите, партискиот институт „Прогрес“ и многу други.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top