| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Хрватска е следната Грција?

Во статијата насловена „Хрватска може да стане втора Грција“, германскиот весник наведува дека двете страни се омилени туристички дестинации за Германците, но и Грција, и Хрватска, се на работ на банкрот поради лошото управување и неуспехот во спроведувањето на реформите .

Весникот ја цитира доверливата анализа на Европската комисија пред неколку дена, во кој се вели дека економската ситуација во Хрватска е влошена драматично и владата не сторила ништо во однос на пет од вкупно осум клучни точки за намалување на дефицитот и за изградба на сигурен правен систем.

Поконкретно Брисел го критикува неефикасниот надзор на државниот буџет, големиот број луѓе кои се пензионираат порано, недостатокот на мерки за надминување на економската криза, како и бавноста на судовите во однос на наметнувањето на процедури за банкрот. Според ЕК трговските судови не играат речиси никаква улога во државата. Затоа комисијата како целина е песимистички настроена за развојот на земјата, која стана членка на ЕУ во 2013-та година. Покрај тоа Загреб има обврски во рок до октомври 2014-та година да претстави детален економски план, но и до денес од него нема и трага, пишува „Bild am Sonntag“.

– По повторениот апел на ЕК за Хрватска сега конечно треба да покаже дека се зафаќа сериозно со правните принципи и основите на правната држава“, „Bild am Sonntag“ го цитира Петер Рамзауер, претседател на Економската комисија во Бундестагот.

– Тоа го очекува Европа и сите кои сакаат да инвестираат таму“, појаснува тој.

Хрватска ќе биде една од темите на самитот на Европската унија во Брисел на 25-ти и 26-ти јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top