| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку пет лица загинаа, а 62 се ранети во самоубиствен напад во Авганистан

напад
Најмалку пет лица загинаа, а 62 се ранети денеска во самоубиствен напад со автомобил-бомба врз административен комплекс во јужната авганистанска провинција Забул, соопштија авганистанските власти.Бомбаш-самоубиец детонирал еден тон експлозив, сместен во камион пред влезот во комплексот владини згради во Каланта.

– Околу илјада килограми експлозив се употребени во нападот, изјави Мирваис Нурзаи, шеф на полициајта во провинцијата Забул.

Експлозијата предизвикала штета на влезот на комплексот на провинцискиот совет во Забул.Во нападот се ранети тројца членови на советот, вклучувајќи две жени. Во нападот има и ранети деца.

Се уште никој не ја презел одговорноста, но во Забул изминатиот период зачестија акциите на бунтовничките групации, вклучувајќи ги и тие против хазарејското малцинство. Талибанците исто така се многу активни во провинцијата, која се граничи со Пакистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top