Американските метеоролози предупредуваат дека претстојното лето ќе биде пеколно.
Станува збор за мултидекадна атлантска осцилација, која подразбира смена на свежи и екстремно топли лета на секои 35 години.
Откако се мери температурата, глобалното затоплување во период од мај 2014 до април 2015 година, било најтопло на Земјата, а трендот во кој летата се врели со малку врнежи не престанува. Тоа го потврдиле и резултатите од Американската државна управа за океани и атмосфера.
Според нив, во првиот квартал од оваа година, биле забележани рекордни температури кои биле за 0,80 степени повисоки од пресекот за 20-от век.
– Претходниот месец беше 39. еден по друг април, кој е потопол од просечниот. Температурата на копнената површина на Земјата во април била за 1,11 степени Целзиусови повисока од просекот за 20. век, а на северната полутопка, тоа е месец со температурни отстапки од 0,87 степени во плус, и петти најтопол во историјата. На јужната полутопка, со температурни отстапки од 0,42 степени Целзиусови во плус, овогодинешниот април исто така е рангиран како четврти најтопол април – пишува во извештајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.