| четврток, 6 декември 2018 |

Грчкиот бизнис се сели во Албанија

Независно што Грција го минува најтешкиот економски период и во последните пет години брои над 200 илјади затворени бизниси и повеќе од 700 илјади изгубени работни места, во постојан раст е тенденцијата на миграција на стотици грчки бизниси во правец на Албанија, констатира тиранската телевизија „Топ ченел“.

Tirana

– Само во периодот 2011-2013 година двојно е зголемен бројот на грчките бизниси во Албанија при што инвестициите достигнале 1,1 милијарда евра, од 782 милиони евра колку што биле во 2010. Според податоците на централната бизнис канцеларија во Тирана, од 2010 година забележан е раст од 81 отсто на грчките инвестиции и на крајот од 2013 година тие изнесуваат 26 отсто од вкупните странски инвестиции во Албанија, наведува телевизијата.

Според Инситутот за статистика, во Албанија дејствуваат повеќе од 500 грчки фирми, додека во постојан раст е бројот на оние кои бараат информации во економската канцеларија во грчката амбасада во Тирана за инвестирање во Албанија.

Главните области каде дејствуваат грчките фирми се банкарските услуги, градежниот сектор, индустријата во целина, здравствените услуги, телекомуникациите, трговијата и образованието.

Меѓу другите прични за доаѓањето на грчките фирми во Албанија се наведува и нискиот данок на добивка, кој иако е 15 отсто сепак е понизок од оној во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top