| четврток, 6 декември 2018 |

Омар Шариф боледува од Алцхајмерова болест

Филмската легенда Омар Шариф подолго време не се појавува во јавност, а шпанскиот весник „Мундо“ пишува дека египетскиот актер боледува од Алцхајмерова болест.

omarsharif5

– Не се знае колку болест напредувала, но очигледно е дека е се полошо – изјавил синот на Шариф, Тарек Ел-Шариф.

Тој објаснил дека неговиот татко не може да се сети на некои детали од својот живот, иако е уште свесен дека бил познат актер.

– Се случува да ја побара поранешната сопруга која почина пред неколку месеци  – изјави синот.

Шариф на пошироката публика и е познат најмногу по улогата на доктор Живаго во истоимениот филм од 1965 година.

Се прослави со улогата во филмот „Лоренс од Арабија“ за која беше номиниран за Оскар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top