| четврток, 6 декември 2018 |

Воен хеликоптер на Сирија се урна во провинцијата Алепо

Сириски воен хеликоптер се урна во северната провинција Алепо.

Групацијата Исламска држава тврди дека таа го соборла хеликоптерот, додека сириската државна телевизија јави дека станува збор за дефект на леталото.

siriski-helikopter

Хеликоптерот се урна при полетување поради технички дефект, информира телевизијата и додаде дека има загинати членови на екипажот, без да го прецизира бројот на жртвите.

Џихадистите од ИД го соборија хеликоптерот на сириската армија покрај аеродромот во Куејрас, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

– Убиен е еден член на екипажот, а судбината на останатите е непозната, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман. Тој додаде дека екипажот можеби имал до 15 членови.

На налогот на Твитер на ИД е објавена снимка со хеликоптерот, зафатен во пламен и се тврди дека леталото е соборено со ракета земја-воздух.

– Убиени се сите членови на екипажот, се вели на налогот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top