| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово во финале со МЗТ, Работнички поразен и вечерва

куманово

Куманово со  одлична игра на мечот со КК Работнички, успеа по  вторпат во историјата да игра во финалето за шампионската титула.  Пред преполната сала, на домашен терен КК Куманово по вторпат славеше над Работнички, овојпат со 85-71 (24-14, 18-8, 20-22, 23-27), одмаздувајќи му се на овој голем ривал за поразот во полуфиналето од Купот на Македонија.

Мечот започна израмнето,  а во средината на четвртината Работнички поведе минимално со 14-13.

Избраниците на  Тодоровиќ  благодарение на цврстата одбрана  и примените осум поени и тоа само два од игра, на полувреме замина со предност од дваесет поени (42-22).

На крајот повеќе од заслужено домашниот состав на Куманово се радуваше на пласманот во финалето.

Имаше најави дека дуелот за титула може да почне веќе задутре, но последната информација од Македонската кошаркарска федерација (МКФ) е дека првата средба во „Јане Сандански“ ќе се одигра за пет дена. Следниот меч, прв финален во Куманово по пауза од 13 години ќе се одигра точно за една недела додека следните термини се 2, 5 и 7 јуни. Последните два, нормално, се под знак прашалник, ако биде потребно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top