Тимот на МЗТ Скопје обезбеди пласман во финалната серија од разигрувањето за титулата. Вечерва тимот од скопски Аеродром, славеше и во вториот дуел против Фени Индустри со 64:75.
Гостите уште во првото полувреме обезбедија солидно водство, 38:48. Домаќинот го доби третиот период со 16:15. Фени дури и поведе во еден момент со 53:51, но серијата 0:12 на МЗТ беше пресудна.
Во последниот период веќе немаше надеж за Фени да се врати во мечот. Најдобри кај домашните беа Брендон Вуд со 26 поени, кој имаше поддршка само од Амонс со 13 поени, додека кај шампионот се истакнаа Чапи со 22 и Мијатовиќ со 14 поени.
Финалната серија меѓу МЗТ Скопје и Куманово ќе стартува веќе в вторник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



