Синоќа во Скопје на 78. годишна возраст почина познaтиот композитор и музички продуцент Димитар Масевски, кој важешe за еден од основоположниците на македонската забавна музика. Во текот на својата музичка активност, Масевски има продуцирано околу 2.000 композиции. Притоа, тој е авторот на композицијата „Последна солза“, која ја пеела Блага Видец и која претставува првата забавна мелодија испеана на македонски јазик.
Масевски е автор на првата детска песна на македонски јазик „Рингишпил“, а компонирал и музика за тв-серии и театарски претстави. Во 21 век, Масевски започнал да компонира новосоздадена фолклорна музика. Тој бил еден од организаторите на обновениот „Скопски фестивал“, кој во знак на неговото творештво, во 2014 година му ја доделил наградата за животно дело. Неговиот син Александар Масевски, исто така, е еден од нашите најистакнати композитори и продуценти на поп-музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст