Претседателот на владата на Република Македонија Никола Груевски заедно со владината делегација во која се министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска присуствуваа на молебенот кој се одржа во црковната базилика „Сент Клименте“ во Рим по повод чествувањето на 24 мај- Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Со молебенот на гробот на Свети Кирил чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква, Охридска архиепископија г.г Стефан заедно со претставниците од светиот синод, владиката епископ Хераклејски Климент и митрополитот на Европската епархија Пимен.
Молебенот беше дел од овогодинешната прослава и одбележување на делото на просветителите Св.Кирил и Методиј, со што владината делегација ја заврши својата посета на Рим и Ватикан.
– Во Ватикан се сретнав со поглаварот на римокатоличката црква папата Франциск, при што ги истакнав стратешките правци и приоритети на Република Македонија, предизвиците на државата, и секако го поканив да ја посети Република Македонија. Потоа имав средба со државниот секретар на Ватикан кардиналот Пиетро Паролин, кој според функцијата практично е вршител на должноста премиер, со кој што ги потврдивме одличните односи меѓу Ватикан и Република Македонија – изјави Груевски.
Премиерот Груевски истакна дека Република Македонија со должно внимание го чествува делото на светите браќа Кирил и Методиј и нивната значајна просветителска улога и дејност.
– Престојот го завршуваме со молебен на гробот на Св. Кирил каде заедно со црковната делегација присуствуваме и одадовме почит на Свети Кирил и Методиј за нивното дело од кои што генерации и генерации на Македонци, и не само Македонци и други граѓани на многу држави кои што го примиле нивното учење, имаат полза и напредок – нагласи тој. Архиерејот на МПЦ ОА г.г Стефан по молебенот во својот говор нагласи дека поради нивното дело светите браќа Кирил и Методиј се почитувани и од христијани и луѓе кои не се од христијанска вероисповед, и од македонскиот и од словенските и од други народи, и од верници и од неверници, затоа што нашиот и многу други народи ја разбраа вистината преку разбирливиот јазик, писмо и проповед.
– Нивниот единствен мотив бил да ја следат Христовата порака упатена кон неговото вознесение. Одете и научете ги сите народот кршетавјќи ги во името на отецот, синот и светиот дух, и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал, е пораката по која се движеа светите браќа Кирил и Методиј – истакна г.г Стефан.
Тој се заблагодари за закрилништвото на Свети Кирил. Тука сме и денес пред твоето вечно почивалиште да ти искажеме признание и љубов и од оваа македонска генерација за постојаното молитвено закрилништво и застапништво пред Бога за нашиот македонски народ и за нашата, твоја и Светиклиментова Црква, истакна поглаварот г.г Стефан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии