Славниот математичар Џон Неш и неговата сопруга Алисија, загинаа во сообраќајна незгода во Њу Џерси, објавија американските медиуми.
Неш (86), чиј живот беше инспирација за филмот „Прекрасен ум“, заедно со својата сопруга Алисија (82) се наоѓале во такси кое во саботата учествувало во трагична несреќа. Од јачината на ударот двојката излатала од возилото, а починале на лице место, соопшти полицијата.
Неш беше математичар познат по работата на полињата на теорија на игра, диференцијална геометрија, алгебра и парцијални диференцијални равенки, но и работата на моделот на случајност, каде се бара општа примена во системот на секојдневниот живот.
Неговите теории денеска се користат во маркетиншката економија, еволуционата биологија, сметководство, во областа на вештачка интелигенција и во воени организации.
За својот придонес во 1994 година Неш ја освои Нобеловата награда за економија, а филмот „Прекрасен ум“ за неговиот живот е снимен во 2001 година, со Расел Кроу во главна улога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



