Актерот и член на ГДОМ Тони Михајловски вчера се обрати на панел дискусија во кампот на Чуварите на демократијата.
– Сорос направи милион кампањи во овие 25 години кои главно беа неуспешни. Нивната кампања “Не ме фиромизирај“ (Don’t you FYROM me) е најнеуспешната кампања, се уште сите не фиромизираат, нивната кампања за соживот е најпромашена во светот. Јас сум израснат во Куманово и јас израснав со Албанци и ние немавме соживот ние имавме живот, а тие не научија да имаме соживот, тоа е комбинација од живеење. Не поделија по секоја основа – истакна Михајловски.
Тој додаде дека државата не се брани со седење со некакви бендови, со луѓе кои не припаѓаат на оваа држава.
-Гротеска. Тоа се они – глава од Сорос, врат од СДСМ, тело од УЧК, опашка од сите странски амбасади, и нозе од по едно евро. Тоа што го чувствувам за мојата земја не се мери во ниедна книга, ние знаеме каква е љубовта кон нашата земја и никој не може да ни ја истисне, ни Владе Милчин, ни Героски, но дупките од ножевите кои и ги забодуваат на својата земја се препознаваат и се гледаат – потенцираше актерот Михајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


