И покрај тоа што според ДИК Андреј Жерновски е новиот градоначалник на општина Центар, по преброените речиси 98 проценти од гласовите, сепак најверојатно во оваа скопска општина ќе има втор круг. При анализата на гласачките ливчиња, утврдени се низа неправилности поради кои што не се исклучува уште една рунда гласање.
Неофицијално според ДИК, кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ освои 51,94 процент од гласовите, додека актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 46,06 проценти од гласовите.
На фан страната на Фејсбук на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ, се најавува втор круг.
Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, е во убедливо водство по преброените 94,22 проценти од гласовите. Тој освои 49,89 проценти од гласовите, додека за неговиот противкандидат Јани Макрадули гласале 29,19 проценти.
Во општина Карпош е во водство актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, кандидат на Српската напредна странка, со освоени 47,07 проценти од гласовите. Втор е неговиот доскорашен сопартиец Андреј Петров, кандидат на СДСМ, со освоени 26,30 проценти од гласовите, додека адутот на ВМРО-ДПМНЕ, Јагнула Куновска, е трета со 25,93 проценти од гласовите.
Убедлива победа во општина Аеродром освои досегашниот градоначалник Ивица Коневски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 63,28 проценти од гласовите. На второ место е адутот на СДСМ, Диме Велковски, со освоени 31,85 процент од гласовите.
Во Кисела Вода триумфираше Билјана Беличанец-Алексиќ од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 63,20 проценти од гласовите. Љупчо Васовски од СДСМ освои 32,67 проценти.
Во Бутел актуелниот градоначалник Петре Латиновски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, освои 50,67 проценти од гласовите, додека Коста Начевски од СДСМ 24,34 проценти.
Во Гази Баба победи актуелниот градоначалник Тони Трајковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 60,08 проценти од гласовите, додека Борче Стефановски од коалицијата предводена од СДСМ освои 27,91 проценти од гласовите.
Актуелниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, кандидат на ДУИ, победи со 52,20 проценти освоени гласови, додека Мухамед Тачи од ДПА освои 18,63 проценти од гласовите.
Во Ѓорче Петров е во водство актуелниот градоначалник Сокол Митровски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 49,07 проценти од гласовите, додека неговиот противкандидат од СДСМ, Александар Наумовски, од СДСМ освои 46,72 проценти од гласовите.
Во Шуто Оризари победата ја однесе актуелниот градоначалник Елвис Бајрам, кандидат на Сојузот на Ромите од Македонија, со освоени 59,64 проценти од гласовите. Зад него е Неждет Мустафа од Обединетите демократски сили на Ромите со освоени 33,83 проценти од гласовите.
Во Сарај нов мандат освои досегашниот градоначалник Беким Мурати, кандидат на ДУИ, со освоени 54,24 проценти од гласовите, додека зад него е кандидатот на ДПА, Азби Нуредини, со освоени 38,90 проценти од гласовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст