Македонскиот народен театар имаше две изведби на претставата „Животот на Молиер” на сцената на Турскиот национален театар – Државен театар во Анталија.
Двете претстави беа целосно распродадени. Според сите оценки „Животот на Молиер“ е една од најдобрите претстави на фестивалот, а екипата се враќа со прекрасни впечатоци и импресии.
Ова беше едно значајно гостување на Македонскиот народен театар и претставување на македонската култура.Фестивалот се одржува од 17-27 мај 2015 год. во организација на Турскиот национален театар – Државен театар од Анталија. Во рамките на фестивалот, освен ансамблот на МНТ, настапуваат реномирани театри од: Индија, Русија, Романија, Норвешка, Франција, Турција.
Целта на фестивалот е воспоставување на соработка помеѓу Турскиот државен театар и националните театри од целиот свет како и развивање на долгорочни и креативни односи помеѓу театрите инспирирани од традицијата а кои се стремат да бидат иновативни.Фестивалот е пропратен со работилници, отворени настапи како уличен театар, балетски претстави и концерти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



