
Она што ме растажува се неволјите на мојот народ кои ги произведуваат одредени луѓе од нашиот народ. Ова пред чуварите на демократијата го истакна актерот и член на ГДОМ, Тони Михајловски.
-Никогаш не била поточна реченицата на Гоце Делчев дека ниту еден народ на светот не страдал толку колку македонскиот народ што страдал од сопствените предавници. И тие предавници отсекогаш постоеле меѓу нас само што многу итро се криеле, се маскирале и се претставувале дека се Македонци, а всушност никогаш тоа не биле, најмногу ги плашела македонштината во нив, и секогаш кога таа македонштина во нашиот народ се разбудувала, тие уште поваќе гледале да ја сокријат, рече пред присутните Михајловски, кој додаде:
-Растевеме во држава во која за Сава Ковачевиќ учевме 20 страници, а за Ќосете не слушнавме ништо, за Чакаларов не прочитавме ни половина страница, додека за Светозар Вукмановиќ-Темпо моравме да знаеме се на памет. Секогаш ни ја потрупуваа историјата, секогаш ни го ампутираа македонското, секогаш не ставаа во некои одредени тефтери, па и сега ги активираат нивните таканаречени ќелеш тефтери и во нивните тефтери секогаш се наоѓале Македонци, и верувајте доколку ве запишаат во нивните тефтери да знаете дека сте Македонци, тоа е најголемиот доказ дека си ја сакате сопствената држава, затоа што во нивните тефтери имало само Македонци и посебно оние кои биле најголемите борци и се бореле да ја сочуваат оваа држава, јасикот и идентитетот, посочи Михајловски.
Секогаш кога ние Македонците сме го губеле идентитетот, рече Михајловски, тој се зачувувал во четирите свети букви ВМРО – внатрешна македонска револуционерна организација.
-И не бадијала се плашат, кога организацијата се заканува, зад таа закана стои сериозноста на еден народ, стои неговата храброст и неговата одлучност, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


