| четврток, 6 декември 2018 |

Во недостиг на поддршка од македонските гласачи, Заев почна со отворени понуди за албанските

selfi-zaev500

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за косовска телевизија порача како ја замислува македонската држава ако тој е на власт – безимена, федерализирана, без идентитет каде Македонците учат албански јазик уште од градинка. Ваквото интервју јавноста го оцени како антимакедонско и скандалозно – пишува Курир.

Заев очигледно кукавачки посегнува по картата за разнебитување на македонската држава, поткопување на унитарноста и губење на идентитетот на единствената држава на македонскиот народ во обид за сопствениот спас, а соочен со сопствениот, како и со падот на неговото мрачно сценарио.

Во најновта негова заложба, Заев ветува Македонците да учат албански јазик од градинка. Албанскиот јазик да се употребува во органите на целата територија на Македонија и во Делчево, Штип, Струмица, Кавадарци и други градови е уште една заложба на Заев.

-Ги изгубивме изборите во 2006 поради нашето однесување, не казнија граѓаните и Албанците и Македонците. Во градинките, основните и средните училишта… Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански? За да го користи, ние сме заедно во ова општество. Вклучување во секојдневните активности, не само во јавната администрација. Сите мора да имаат еднакви и фер шанси во иднина, изјави Заев.

zaev
Заев во интервјуто говори и за некакво продлабочување на охридскиот договор. Имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во целост, експертите сметаат дека се подрзабира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација.

-Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охрискиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, вели Заев.

Ваквото очајно додворување на Заев кон албанскиот фактор на штета на македонските граѓани. Заев не застанува тука туку оди и подалеку.Тој е подготвен да го продаде и идентитетот на Македонците само за да се додвори кон странскиот фактор. Тој вели дека не е важно што ќе пишува во Обединетите нации за идентитетот, а црвена линија треба да биде мултикултурализмот.

-Нашите црвени линии се да не дозволиме да ни ги допрат нашите особености како нација, држава, заедно со нашата посебност во однос на културата, мултиетничките разлики. Тоа се нашите одлики како држава, како народ кои неможат да се сменат. Но доколку зборуваме заедно со нашиот јужен сосед, со Грција, како соседи, јас сум сигурен дека ќе најдеме решение. Убеден сум во тоа, вели Заев.

Лидерот на СДСМ очигледно при очајното додворување на Албанците, а во потрага по политички поени е подготвен на сè. Заев во кумановската Дива населба во понеделникот си правеше селфи фотографии со Албанците и покажуваше два прста симболизирајќи го знакот на УЧК.

zaev-ku
Само неколку дена подоцна опозицискиот лидер се најде во друштво со луѓето кои дадоа јавна поддршка на терористичката група.

Па така, лица кои и дадоа поддршка за 113 та косовска бригада именувана како Исмет Јашари се најдоа и на митингот кој го организираше СДСМ минатата недела.

protest500
Скандирања УЧК, УЧК, знамиња на Голема Албанија и прегратки со Зоран Заев беа дел од сликата пред Владата каде СДСМ го одржа митингот. Поддршката за 113 та бригата е всушност поддршка за терористите кои беа разбиени во Куманово, бидејќи тие се членови во најголем дел на оваа расформирана бригада.

protest2-500

Практично луѓето со кои што се гушкаше Заев се поддржувачи на терористите во чија акција за разбивање загинаа 8 македонски полицајци.
Ваквите потези на Заев сепак Албанците не ги ценат, напротив на истите гледаат со потценување, потсмевајќи му се на лидерот на СДСМ на понизноста.

protest1-500

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top