| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и Кајмакоски претпоследни во полуфиналето

Daniel-Kajmakovski-3
Официјалната интернет страница на Евросонг ги објави конечни резултати од полуфиналните вечери на кои настапи и Македонија. Разочарувачки, но нашиот Даниел Кајмакоски се пласираше на претпоследното место со само 28 поени. „Лисја есенски“ беа подобро пласирани единствено од претставникот на Финска кој освои 15 поени.

Во полуфиналната вечер на која настапи Македонија настапија 16 земји, а десет обезбедија влез во финалето. Лошата слика за Македонија на Евросонг е надополнета со информацијата дека нашите гласови не биле земени во предвид
бидејќи биле само од телеволтинг, но не и до стручното жири како што налагаат пропозициите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top