| четврток, 6 декември 2018 |

И во Германија барање за легализација на истополови бракови

Germany-Flag-Logo-in-Map-Wallpapers

Откако Ирска преку референдум дозволи легализација на истополови бракови кои ќе ги имаат исти права како и браковите со различен пол германската „Зелена партија“ најави слична иницијатива.

Зелените побараа од германската канцеларка Меркел да дозволи истополови полови бракови во земјата.

„Време е госпоѓо Меркел“, и порача на канцеларката шефицата на парламентарната група на зелените Катринн Геринг Екард преку весникот „Ди Велт“. Таа смета дека партијата на Меркел не може да седи настрана од дебатата за „брак за сите“.

Германските закони за партнерство не забрануваат истополови заедници но не им даваат привилегии на двојките во поглед на плаќање на даноци и посвојување деца какви што имаат брачните двојки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top