Решете го нашиот тест заедно со вашиот партнер и проверете колку сте навистина блиски, а потоа откријте кој е најдобриот начин повторно да се запознаете еден со друг.
Почнуваме…
Прво искрено одговорете на следниве прашања
1.Како тој/таа замислува едно идеално излегување?
2. Наведете три места што тој/таа би сакал/сакала да ги посети.
3. Кој е неговиот/нејзиниот најголем животен сон?
4. Неговиот/нејзиниот омилен филм е…
5. Што е најголем предизвикувач на стрес за него/неа?
6. За што тој/таа најмногу се кае во животот?
7. Што е највредното што тој/таа го поседува?
8. Неговиот/нејзиниот најтажен настан во животот…
9. Опишете го идеалниот дом за него/неа.
10. Кој најмногу го смее вашиот партнер?
Сега еден на друг дајте си три поени за секој точен одговор, а потоа споредете ги и анализирајте ги резултатите.
Од 0 до 20: Дали вие двајца воопшто сте се сретнале
Овој резултат сфатете го како повик за будење. Ако толку малку знаете за партнерот, за што зборувате? И двајцата под итно мора да почнете да разговарате, и што е поважно, да се слушате. Малку луѓе се внимателни слушатели, особено ако мислат дека добро го познаваат соговорникот. Во почеток, замолчете и дозволете му на партнерот да зборува. Ќе бидете изненадени од она што ќе го слушнете. Исклучете го телевизорот и фокусирајте се еден на друг. Двојките што се трудат што повеќе да ја запознаат другата страна обично се изненадуваат од позитивниот ефект од комуникацијата во врската.
Од 21 до 40:
Преземете иницијатива
Можеби знаете дека вашиот партнер сака еден ден да започне приватен бизнис или да отпатува на егзотичен одмор, но што е со подлабоките нешта? Кога ќе дознаете што ве плаши и загрижува, тогаш ќе успеете со партнерот да се поврзете на повисоко ниво. Искрен и отворен разговор за најдлабоките чувства ќе ви овозможи заеднички да барате решенија, што е одличен начин за градење на ставот „ние сами против целиот свет“, кој на секоја двојка ѝ овозможува чувство на цврста заедница. Откријте му на партнерот што ве загрижува, а потоа ислушајте го и него.
Од 41 до 60:
Задржете ја отвореноста во комуникацијата
Моментално, вие сте на иста бранова должина, но погрижете се семејните обврски, работата и грижата за децата да не ја нарушат вашата блискост. Продолжете да ги оживувате страста и динамиката од почетокот на врската, како и да одделувате време за заеднички активности и разговори. И, не дозволувајте стресните теми, како што се работните проблеми или многубројните домашни обврски, да доминираат во вашите разговори. Прашајте го партнерот за мислење за личните желби и сништа, и соопштете му ги своите. Ако спалната соба е единственото место каде што опуштено разговарате, тогаш така нека остане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст