| четврток, 6 декември 2018 |

Реванш дуели од полуфиналето на кошаркарскиот шампионат на Македонија

Kosarka mzt-rabotnocki 25 (Custom)
Во кошаркарското првенство на Македонија, денеска ќе се играат реванш натпреварите од полуфиналето во плејофот.

Екипите на Куманово и МЗТ Скопје Аеродром ќе ја имаат првата можност да се изборат за место во големото финале.

По победата на гостувањето во Скопје, составот на Куманово пред својата публика ја има првата меч топка против Работнички. Неизвесниот меч одигран пред два дена кој кумановската екипа го доби со еден поен разлика (78:77) е добра најава дека и денешниот натпревар може да се очекува неизвесност до самиот крај.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром, многу полесно од очекуваното славеше победа во првиот полуфинален натпревар против Фени Индустри (79:62). Сепак. Тоа не треба да ги залаже аеродромци, кои сезонава имаат негативен биланс во дуелите со кавадаречката екипа, две победи и три порази во меѓусебните дуели.

Двата натпревари, во Куманово и Кавадарци, ќе започнат во ист термин од 19 часот.

Доколку е потребна мајсторка (трет натпревар) тие би се играле во Скопје, на 26 мај (вторник).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top