| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанки порача: „Нашите разлики се нашата сила“

sredba-zeni1-500
По повод Светскиот ден на културната разноликост Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од Битола организираше средба со битолчанки на плоштадот Магнолија под мотото „Нашите разлики се нашата сила“.
Во Битола, значајна културна цивилизациска точка, крстопат, долговековна културна престолнина – Битола космополитска, во чие што урбано живеење низ вековите што поминале се потврдиле и се надминале сите модерни и учебникарски светски модели за соживот и заедништво, пораката дека во разликите е силата, беше испратена на македонски, српски, албански, турски, ромски и влашки јазик.
Претставувајќи ги своите национални кујни, порачаа: Ние жените припаднички на различни вери и националности на дело го покажуваме заедништвото и силно и гласно порачуваме, дека тоа никој нема да дозволиме да го наруши.
sredba-zeni2-500

sredba-zeni3-500

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top