
Претседателот на СДСМ Зоран Заев упати чесститка по повод 24 Мај – Денот на словенската писменост и култура.
– Денешниот голем празник, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, претставува потстетник на нивната суштинската и историска улога за македонскиот народ и во создавањето на универзалните придобивки, како што се писменоста, обединувањето и просветлувањето на словенските народи, наведува во честитката.
Во неа се додава дека преку својата благородна и просветителска дејност на овие простори, браќата Кирил и Методиј ја направија Македонија лулка на словенската култура и писменост, испишувајќи ги со тоа најсветлите страници од македонската историја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


