| четврток, 6 декември 2018 |

Железничка несреќа во Скопје, прегазен маж

voz
Машко лице на возраст од 79 години е прегазено утринава од товарен воз. Toварниот воз кој сообраќал на релација Табановце-Трубарево, удрил во мажот на излезот од Маџари додека истиот пасел добиток покрај пругата.

Седумдесет и девет годишниот маж починал на лице место, а неговата смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

Полициски екипи се на терен каде во тек е увидот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top