Убиството на трет секуларен блогер за неколку месеци, направи морничава ситуација во Бангладеш, земјата која одамна се поврзува со културата на модернизацијата и слободното изразување.
Убијците кои мафтаат со мачети го следеле Ананта Бижу Дас во вторникот утрината, кога го напуштил домот во северноисточниот град Силхет, и го исецкале до смрт, велат од полицијата и неговите пријатели.
Дас пишувал за МуктоМона, блог основан од Авиџит Рој, американски граѓанин кој бил убиен во сличен напад пред саем на книги во главниот град на Бангладеш, Дака, во февруари. Друг писател кој протестирал против убиството на Рој на социјалните медиуми, Вашикар Рахман, бил исто исечен до смрт на земја по улиците на Дака во март.
Активистите ја фрлаат вината за убиствата врз ултраконзерватривните исламисти кои неодамна добија големи овластувања во претежно муслиманската држава. Активистите се жалеа за бавните истраги и ги обвинија властите дека спроведуваат култура на казнувања.
Иако неколку влади по ред ги кршеа тврдолинијашките исламистички групации, бангладешките политичари се повеќе се поларизираа што доведе еден регионален експерт ситуацијата да ја нареше „вакуум во владеењето“.
По се изгледа политичките превивања ги охрабрија исламистичките екстремисти, меѓу кои има и нови сојузници на Ал Каеда, кои ја преземаа одговорноста за барем две од убиствата.
Кои беа жртвите на овие напади?
Четириесет и две годишниот Рој беше гласен атеист и критичар на исламот. Роден во Бангладеш, тој во 2007 година се преселил во САД каде добил државјанство и работел како софтвер инженер во околината на Атланта. Напишал неколку книги и ја основал веб страната МуктоМона, што на бенгали јазикот значи „слободен ум“. Пријателите велат дека неговите текстови предизвикале да стане цел на чести закани со смрт. Но редовно се враќал во татковината за да учествува на годишниот саем на книги каде и бил убиен на 26 февруари.
Дваесет и шест годишниот Рахман работел во патничка агенција и пишувал сатирични текстови за религијата на фејсбук и на други веб страни. Го почитивал Рој и му оддал почит на убиениот блогер со пост на неговиот фејсбук профил на 14 мај годинава: „Иамаџавит и зборовите не можат да бидат убиени“.
Дас бил банкар во свои триесети години и бил „нескротлив писател“ за темите од науката и рационализмот, вели негов колега атктивист кој побара анонимност за да се заштити од евентуални одмазди. Дас напишал предтекст во книга посветена на Рој и исто помогнал во издавањето на ново едно издание со наслов Јукти, што значи „логика“, вели неговиот пријател.
Дали и други писатели биле цел на напади?
Се случиле бројни напади врз секуларни академици и писатели во изминативе неколку години. Последните убиства следуваат по убиството на Ахмед Раџиб Хаидер, блогер кој бил исечен до смрт со мачети во Дака.
Кој е одговорен за нивната смрт?
Минатата недела, огранок на Ал Каеда во Јужна Азија, ја презеде одговорноста за неколку убиства на „богохулници“ во регионот, меѓу кои биле и Рој и Хаидер. Од локалната милитантна група, Ансар алИслам Бангладеш, рекоа дека Ал Каеда на индискиот потконтинет исто ја презема одговорноста за нападот врз Дас, велат од разузнавачката група Сите, која ги следи организациите кои се на интернет. Но веднаш не дојде изјава за тоа од Ал Каеда.
Полицијата вели дека нападите биле изведени од локални милитанти кои можеби имале обуки од терористичката мрежа. Една локална радикална група, Ансарулах Бангла тим, исто ја презема одгворноста за смртта на Рој.
Лидерот на Ал Каеда, Ајман Завахири, во септември најави дека организацијата се шири на индискиот потконтинент „за да го подигне знамето на џихадот“ и да воведе исламски закони во регионот.
Скоро 90 проценти од 160-те милиони луѓе кои живеат во Бангладеш, се муслимани и правниот систем е воглавно заснован на исламските закони, но во државата владее парламентарна демократија.
Дали досега имало некакви апсења?
Седум студенти биле обвинети за убиството на Хаидер, заедно со лидерот на Ансарулах Бангла тим, Џашимудин Рахмани. Полицијата уапсила двајца студенти кои биле засилени со случајни минувачи на местото на убиството на Рахман, но уште еден осомничен избегал.
Милитантен исламист кој наводно му се заканувал на Рој преку социјалните медиуми, исто така бил уапсен, но се уште не е обвинет.
Семејството на Рој ја критикува бавноста на истрагата. Неговата вдовица, Рафида Ахмед Бонја, која била сериозно повредена при нападот кога загинал Рој, неделава ја обвини владата дека се „плаши од терористите“.
– Дали Бангладеш ќе стане нов Пакистан или Авганистан?, запраша таа во интервју за Војс оф Америка.
Зошто Бангладеш стана поле на смртта за блогери?
Убиените блогери станаа цел затоа што имаа секуларни ставови, за што исламистите велат дека ја навредувало нивната вера. „Порастот на екстремна форма на насилен ислам се појавува во момент кога политиката во Бангладеш стана екстремно поларизирана, во смисол на создавање на вакуум во владеењето“, рече Алиса Ајрес, асистент во Советот за односи со странство, минатата недела на панел дискусија во праламентот. Противниците на премиерот Шеик Хасима Ваџед започнаа со јавни протести и со улични борби со безбедносните сили, во кои загинаа повеќе од 120 луѓе од јануари наваму.
Протестите беа темпирани за да се одбележи годишнината од спорните избори кои ги донесоа Ваџед и неговата партија Авами лига на власт. Најголемата опозициска партија, Националистичката партија на Бангладеш, ги бојкотираше изборите во 2014 година, затоа што не беа водени од неутрална техничка влада. Нејзиниот лидер, Калед Зиа, кој е поранешен премиер на земјата, сега бара Ваџед да си даде оставка и да се организираат нови избори.
БНП е поддржана од најголемата исламистичка партија во земјата, Џаматеислами, која има студентско крило кое е редовно обвинувано за улично насилство, вели Ајрес.
Владините сили одговорија на нередите со апсење на илјадници опозициски активисти и затворање на медиуми.
Како прилог на кревката ситуација е и барањето на правда пред трубунал за злосторствата против човештвото, извршени во 1971 година во војната во Бангладеш за независност од Пакистан. Активистите велат дека четворицата убиени блогери учествувале или биле дел од движењето познато како Шахбаг, кое бара смртна казна за исламските лидери кои се обвинети за воени злосторства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст