| четврток, 6 декември 2018 |

Завршија натпреварите во фудбалското првенство на Франција

psg-sampiyonluk-kupasini-kaldirdi-132047

Со средбите од последното 38.коло во Лига 1, одиграни синоќа, заврши сезоната во фудбалскиот шампионат на Франција.

Фаворитите не дозволија изненадувања и остварија победи, по што нема промени на врвот на табелата, а со тоа нема промени ниту во имињата на тимовите кои изборија пласман во европските купови.

Така, покрај шампионот П.С.Ж, директен пласман во Лигата на шампионите обезбеди и Олимпик Лион, додека Монако ќе игра во квалификациите.

Франција во Лига Европа, следната година ќе ја преставуваат Олимпик Марсеј и Сент Етијен, додека Лига 1 ја напуштаат, Евијан, Мец и Ленс.

Коплетни резултати и табела по последното коло во француската Лига 1:
Бордо – Монпеље 2:1,
Сент Етијен – Гингамп 2:1,
Рен – Олимпик Лион 0:1,
Париз Сен Жермен – Ремс 3:2,
Мец – Лил 1:4,
Олимпик Марсеј – Бастија 3:0,
Лориен – Монако 0:1,
Ленс – Нант 1:0,
Кан – Евијан 3:2 и
Тулуз – Ница 2:3.

Табела:
Париз Сен Жермен 83 бодови,
Олимпик Лион 75,
Монако 71,
Олимпик Марсеј 69,
Сент Етијен 69 …
****************
Евијан 37, Мец 30 и Ленс 29.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top