| четврток, 6 декември 2018 |

Завршница на фудбалскиот шампионат на Македонија

Fudbal Vardar Skendija 15 (Custom)

Со натпреварите од последното 32. коло завршува 23-тата сезона во фудбалското првенство на Македонија.

Дилемите околу конечниот пласман веќе се разрешени, па денешните натпревари ќе бидат без резултатско значење, само за престиж.
Вардар крунисувањето во нов шампион на Македонија ќе го има на гостувањето во Кратово и дуелот против Силекс, Црвено-црните ќе ја преставува Македонија во Лигата на шампионите односно квалификациите.
За место пак во Лига Европа преку квалификациите ќе се борат Работнички и Шкендија. Денеска Работнички гостува во Боговиње кај Ренова, додека во Кичево, екипата на Шкендија е домаќин на Металург.
Во плеј-аутот, покрај средбите од ова коло, останува уште една рунда, но и таму дилемите се разрешени.
Во Прилеп, ќе се сретнат екипите на Пелистер – Тетекс, двата тима кои следната година ќе играат во Втората лига.
Вториот меч Хоризонт Турново е домаќин Брегалница. Штипската екипа и следната година ќе игра во прволигашката конкуренција, додека Турновци преку бараж меч, ќе треба да изборат опстанок во елитното друштво, во кое нови членови ќе бидат екипите на Шкупи и Младост

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top